ФИФА предлага: Светско клупско првенство на секои две години со по 48 екипи

ФИФА сериозно работи на проширување на Светското клупско првенство, објави венсикот „Гардијан“.  Меѓународната фудбалска федерација ја оцени идејата за одржување на турнирот на секои две години од 2029 година како добра. Скратувањето на паузите меѓу турнирите беше предложено од Реал Мадрид, а голем број клубови кои го пропуштија овогодинешното издание, вклучувајќи ги Ливерпул, Барселона, Наполи и Манчестер Јунајтед, ја поддржаа иницијативата на мадридскиот клуб.

Исто така, се разгледува можноста за зголемување на бројот на учесници (од 32 на 48) и напуштање на правилото „максимум два клуба од една земја“. Поради критиките за преполниот календар, ФИФА може да размисли за укинување на јунските репрезентативни натпревари.

INFO