Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

Инженери на Македонија поднесоа иницијатива до Уставниот суд да ја процени законитоста на издавањето на паушалните сметки за струја. Од граѓанската иницијатива посочуваат дека од мај годинава законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото, како и дека ваквата практика на ЕВН претставува самоволие.

Иницијативата до Уставниот суд бара укинување на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од членот 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, велат од здружението, е продолжената пракса на издавање паушални фактури за струја, иако законот наложува друго.

„Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници. Со овој потег, преземен е финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање, велат од Иницијативата.

INFO