Лина со скок од 73 места на ВТА листата!

Иако за две недели двапати беше поразена во финалињата во Куршумлијска Бања, сепак нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа напредуваше за цели 73 места на на најновата ВТА листа, па така сега се наоѓа на 282.место.

Секако дека оваа позиција ни од далеку не е нејзиното најдобро остварување, но факт е дека Лина е во одлична форма и дека има убави шанси да напредува уште повеќе на оваа листа.

Лина има 31 година, а нејзиниот најдобар пласман е на 170.место на ВТА листата и тоа остварен во 2017 година.

INFO