Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на годинашната награда „Мајка Тереза“.
Оваа државна награда се доделува за посебно значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26 август во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.