Академскиот пленум ги осуди изјавите на Брнабиќ дека трагедијата на железничката станица во Нови Сад е планирана саботажа

Академскиот пленум ги осуди изјавите на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, во кои таа ја опиша трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, како планирана саботажа. Ваквите тврдења, посочуваат од Пленумот, се изнесени без ниту еден доказ и претставуваат јавно заплашување и ширење паника, заради што го повикаа надлежното обвинителство да побара Брнабиќ да ги презентира докази за нејзините тврдења.

„Доколку такви докази не постојат, очекуваме дека таа ќе биде притворена согласно законот за ширење паника и дестабилизација на општеството. Ана Брнабиќ во својата изјава споменува и советодавен референдум за претседателот на Републиката. Ја потсетуваме јавноста дека претседателот на Република Србија нема извршни овластувања во системот на владеење, туку само церемонијални овластувања утврдени со Уставот. Затоа, јасно е дека барањето за предвремени парламентарни избори е единствениот демократски и уставен начин да се овозможи ослободување на сите три гранки на власта од партиска контрола“, посочуваат од Академскиот пленум.

Студентите и академската заедница информираат дека остануваат доследни на својот став, предвремените парламентарни избори се неопходен чекор кон враќање на довербата во институциите, заштита на граѓаните и зајакнување на демократските процеси во Србија.

INFO