Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го обвини својот австралиски колега дека „го предал Израел“ и ја „напуштил“ еврејската заедница во Австралија, по неколкудневната напнатост меѓу двете земји., пренесува „Би-Би-Си“.
Нетанјаху во вторникот изјави дека историјата ќе го запамети Ентони Албанезе „таков каков што е: слаб политичар“.
Австралија во понеделникот му забрани влез на екстремно десничарски член на владејачката коалиција на Нетанјаху, а Израел за возврат им ги поништи визите на австралиските претставници во Палестинската управа.
Австралискиот министер за имиграција Тони Берк изјави дека Нетанјаху „нападнал со остри зборови“, како реакција на неодамнешната објава од Канбера дека ќе ѝ се приклучи на Велика Британија, Франција и Канада во признавањето на палестинската држава.