Брера не го стартуваше резултатски добро новото првенство во Првата лига, аабележа два порази, од Силекс во Кратово (5:0) и од Пелистер во Струмица (1:2), но струмичани се надеваат дека многу брзо ќе влезат во подобар ритам и дека ќе стигнат до првите бодови. Третото коло од Првата МФЛ за Брера носи нов голем предизвик, гостување на Националната Арена „Тодор Проески“ и дуел со Вардар.
Ќе биде тоа големо искушение, но играчот за врска Миле Тодоров вели дека може и позитивна пресвртница.
„Ги оставаме зад нас двата порази и се фокусираме на следниот дуел. Вардар е квалитетен тим, го покажа тоа на почетокот на првенството со две победи, а ние сме во спротивна ситуација. Но, тоа не значи и дека ние лесно ќе се предадеме или дека немаме шанси да освоиме бод или три. Сите посакуваме да ‘проработиме’ токму против Вардар, да одиграме квалитетен меч и да останеме непоразени. Работевме напорно овие неколку дена, го анализиравме ривалот и сигурно дека ќе се надигруваме на нашиот најголем стадион“, изјави Миле Тодоров.
Вардар и Брера ќе играат денеска во вечерен термин, од 20 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.