“Ждрепката за СП ќе се одржи на 5 декември, верувам дека и Путин ќе дојде на Мундијалот“!(ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп по состанокот со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека ждрепката за СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада е закажана за 5 декември во Вашингтон.

Тој покрај другото најави дека очекува на Мундијалот да дојде и Владимир Путин, претседателот на Русија, земја која е под санкции поради агресијата врз Украина:

Верувам дека ќе дојде, во зависност од тоа што ќе се случи, можеби ќе дојде, а можеби и не, ќе зависи од тоа како ќе се развиваат работите. Инаку нас ни е чест да го донесеме овој глобален настан, оваа неверојатна група луѓе и овие неверојатни спортисти – најдобрите спортисти во светот – во културниот центар на нашата нација“посочи Трамп.

Инаку Инфантино на Трамп му го врачи официјално првиот билет за СП.

INFO