Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа на Христос од Бездната.
Тоа е бронзена статуа што стои седум децении на дното на морето, во близина на Џенова, со раширени раце и лице свртено кон површината.
Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри.
Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, пионер во нуркањето кој починал, пренесува Индекс.
Проектот го реализираше скулпторот Џудо Галети, а уникатноста лежи во материјалот – бронзата е добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани метали.
Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце и поглед кон површината, што симболизира помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.
За нуркачите, тоа стана еден вид заштитник, а за аџиите потсетник дека дури и во тишината на морските длабочини има место за духовност.
Христос од бездната се наоѓа на длабочина од 17 метри, што го прави достапен за рекреативни нуркачи. Местото сега е едно од најпосетуваните места за нуркање во Италија, а со текот на времето стана симбол на целиот регион.