На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој во фокусот ја стави својата визија за Скопје и решавање на сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како комуналната хигиена и проблемите со ЈСП, ветувајќи безбеден, чист и транспарентен град.
„На Скопје му требаат брзи и ефикасни решенија, она што јас ќе го понудам на нашите сограѓани за наредните 4 години пред сè ќе биде отворен, транспарентен град, безбеден град и инклузивен град каде што граѓанинот како никогаш досега ќе биде во централниот фокус и ќе го има приматот, сите наши креации во наредните четири години ќе потекнува изворно од граѓанинот и ќе биде за подобрување на неговите услови за живот. Комунална хигиена и ЈСП се двата најгорливи проблеми, вели Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна два столба на кои ќе се фокусира од самиот почеток, а тоа се реорганизација на комуналната хигиена и средување на катастрофалната состојба со ЈСП.
„Главен и сериозен фокус ќе биде освен заштитата на животната средина, третирањето на комуналната хигиена, нејзина реорганизација од аспект на механизација и кадров потенцијал, вториот момент кој ќе биде наш фокус е средување на состојбите со ЈСП, еден од главните проблеми на нашите сограѓани е токму транспортот. Тоа се првите два сериозни столба на кои ќе се насочиме од самиот почеток“, рече Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека програмата за локалните избори се креира заедно со граѓаните и ќе содржи решенија за сите проблеми со кои се соочуваат тие, а кои набрзо ќе станат минато.
„Ние сме на изработка на програмата, како никогаш досега ја креираме задно со граѓаните, домашни и меѓународни експерти, ќе понудиме еден добар концепт за граѓаните, еден модел во којшто сите овие горливи проблеми со кои живеат за жал нашите сограѓани, за многу скоро време ќе станат минато. Заедно со Владата очекува силна поддршка во наредните 4 години, не се сомневам дека ќе бидат евидентни резултатите. Ќе понудиме концепт кој ќе содржи за решенија за сите проблеми на граѓаните, брзи и ефикасни,преточени во една долгорочна стратегија на градот Скопје, истакна Ѓорѓиевски.