Полските фирми дејствувале како посредници меѓу државните институции. Објавени се документи, писма меѓу полската и руската компанија во која се споменуваат потребите на македонското Министерство за одбрана.
Документ од 2016 година покажува дека полската компанија „Полит-електроник“ нарачала резервни делови (елиси) од холдингот „Руски хеликоптер“, дел од корпорацијата „Ростек“. Вредноста на договорот била 543.690 евра. Плаќањата биле извршени преку руската „Новикомбанк“, користејќи сметка во „Комерцбанк АГ“ во Франкфурт. Ова покажува дека дури и по санкциите во 2014 година, руската одбранбена индустрија продолжила да го користи европскиот финансиски систем за меѓународни воени договори.
Во процесот била вклучена и државната компанија „Војскове Заклади Лотниче бр. 1“ (WZL-1) со седиште во Лоѓ.
Ова значи дека одбранбените индустрии на Полска и Русија координирале воени проекти за трети земји. Полската компанија била посредник, помагајќи ѝ на воената индустрија на Русија да учествува на меѓународни тендери.
Во 2023 година Македонија ги донираше овие хеликоптери на Украина. Министер за одбрана на Македонија од 2014 до 2017 беше Зоран Јолевски од ВМРО-ДПМНЕ, а во 2022 до 2024 министерка за одбрана беше Славјанка Петровска.