Тој вели дека состојбата е загрижувачка, опасна по здравјето и безбедноста на децата.
„Ова јасно ја покажува неподготвеноста на општината и институционалната неодговорност кон безбедноста и благосостојбата на децата. Нашите деца заслужуваат училишта со достоинство – со чисти, уредени и безбедни дворови. Под мое раководство, училиштата ќе ја добијат грижата и почитта што им припаѓа – не само во инфраструктура и изглед, туку и во квалитетот на образованието“, изјави Висар Адеми.