Според бугарската агенција БГНЕС, Георгиев информирал за најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус.
„Пакет-договорот одобрен на европско ниво во јули 2022 година останува единствениот можен пат напред за оваа земја-кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и целно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Македонија.
Остануваме на мислењето дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија. Исто така, подготвени сме да ѝ помогнеме на Македонија да го следи својот европски пат во процесот на реформи, во случај членството во обединета Европа да биде вистински избор на нејзината влада“, се пожалил Георгиев.