Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите беа регионалната соработка и стабилноста, како и билатералните односи.
„Соговорниците го нагласија силниот потенцијал и подготвеноста за нивно понатамошно продлабочување. На двете средби беше потврдено сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата. Стана збор и за реформските процеси, европските аспирации на нашата држава, предизвиците на тој пат и континуираната поддршка од Словенија и Словачка“, се наведува во соопштението.