ВМРО-ДПМНЕ објави нови 16 кандидати за градоначалници, за Кисела Вода сѐ уште нема одлука

Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник се, во Општина Сопиште, Јане Мицески, во Кичево, Александар Јованоски, во Крива Паланка, Оливер Алексовски, во Маврово-Ростуше, Онер Јакупоски, во Кривогаштани, Сашо Граоркоски, во Шуто Оризари, Ерџан Демир, во Крушево, Нико Чонески, во Валандово, Ѓоко Камчев, во Виница, Митко Костадиновски, во Демир Хисар, Никола Најдоски, во Чешиново-Облешево, Јордан Костадинов, во Радовиш, Љупчо Почивалец, во Чашка, Дејан Андоновски, во Прилеп, Дејан Проданоски, во Струмица, Петар Јанков и во Неготино, Марија Нацева.

„Убедени сме во сопособноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа. Секој еден кандидат е почитуван воп населеното место од кое доаѓа и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои го држат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот. Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие четири години како локална и една година како централна власт“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. После ова, нѐ очекува многу работа и посветеност за секое место“, рече Сајкоски.

INFO