Заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодарила на континуираната поддршка на Германија за нашата земја на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека оваа поддршка е особено значајна за забрзување на евроинтеграцискиот процес.
Претставниците на делегацијата од Хесен, се вели во соопштението, истакнале дека единствената вистинска и правилна опција за Македонија е членството во ЕУ, воедно нагласувајќи дека на тој пат од големо значење ќе биде размената на искуства и помошта во различни области.
„Беше дискутирано и за досегашната соработка меѓу двете земји во повеќе сфери, со заеднички заклучок дека е важно германско-македонското пријателство да се зацврстува и понатаму“, се вели во соопштението.
На средбата, Трајков ги претставила приоритетите на Министерството за европски прашања, истакнувајќи дека следниот период фокусот ќе биде ставен во зацврстување на капацитетите на институциите за целосна реализација на зацртаните чекори на полето на евроинтеграциите.