Трамп до Сиљановска Давкова упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија

„Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември“, се наведива во објавата.

„Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување“,, се посочува во објавата на Давкова.

INFO