Познатиот дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст.
Легендарниот Италијанец засекогаш ќе биде запаметен како човек што можеше да прави што сака кога стануваше збор за модата, но и како некој што секогаш цврсто стоеше на земјата и точно знаеше што прави.
Секој што ја следел неговата работа го смета за вистински моден гениј, а меѓу нив е и Пенелопе Волф, бразилската манекенка, која била негова најголема муза.
View this post on Instagram
Која е Пенелопе Волф?
Пенелопе Волф почнала да соработува со познатиот моден дизајнер на почетокот на овој век. Често можевме да ја видиме во изданија за „Емпорио Армани“ или на висока мода за „Армани приве“, нејзината можеби најважна улога беше – фит-модел.
Нејзините долги, но атлетски пропорции, станаа стандард според кој се создаваше секој изглед, што ја издигна нејзината улога на клучен дел од процесот на дизајнирање, што самиот Џорџо Армани го препозна.
View this post on Instagram
По години блиска соработка, Пенелопе Волф се чини дека стана дел од внатрешниот круг на Армани, и на работа и приватно.
Нејзиниот „Инстаграм“ е полн со фотографии со дизајнерот – од нивните заеднички одмори на Сардинија до моментите поминати во ателјето.
View this post on Instagram
Но, не се само нејзините врски тие што ја прават интересна: без разлика дали ги поминува слободните денови сурфајќи на егзотични локации или посетувајќи елитни настани, Пенелопе Волф покажува дека знае како да води здрав и друштвен живот.
фото: принтскрин