Балдини: Црна Гора и Македонија се слични екипи, се зависи од нас

Репрезентацијата на Италија до 21. година е наш денешен противник во второто коло од квалификациите за следниот Евро самит. „Азурите“ ќе ги пречекаме во Битола, на реновираниот „Петар Милошевски“ во вечерен термин од 18:15 минути.

Противникот веќе втор ден е во Македонија, но за своја база го одбра Охрид. Тренираше на стадионот „Билјанини Извори“, а денеска пристигнува во Битола.

И Италија како и ние овие квалификации ги стартуваше со нов селектор. Силвио Балдини го поведе својот тим во оваа кампања, и во првото коло беа успешни. Ја совладаа Црна Гора.

„Македонија и Црна Гора се две слични селекции. Двата тима се полни со „тркачи“, играчи кои беспрекорно се борат на терен, и кои би изгинале за националниот дрес. Од нас зависи се. Како ние ќе одиграме, таков епилог ќе има и натпреварот. Имаме талентирана генерација, тоа треба да го покажеме на терен. Ова се играчи кои што сакаат да се наметнат и во А репрезентацијата. Талентот мора да дојде до израз. Ќе играме класични 4-3-3 формација, но можно е во еден момент, момците да се трансвормираат и во 4-2-3-1“ – изјави Балдини.

INFO