Утре ќе заседава собраниската Комисија за контрола на АНБ и АР

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека членовите на Комисијата постигнале договор. Состанокот на Комисијата ќе го води претседателот на Скендер Реџепи од ДУИ. Тој минатата недела одби да ја закаже седницата бидејќи немал  безбедносен сертификат.

Во известувањата на АНБ до Јавното обвинителство се вели дека припадници на Агенцијата во периодот од 2019 до 2024 година незаконски примениле посебни мерки за неколкумина опозициски политичари, новинари и бизнисмени. Следени биле и Христијан Мицкоски и Александар Николоски.

INFO