Само Левица не ја потпиша Декларацијата за изборите предложена од Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши е задоволен и се надева дека декларацијата ќе допре до секој пратеник за да има фер и демократски локални избори. Досега, како што вели, нема забелешки на предлог-декларацијата.

„Како Собрание правиме се што можеме за да има политичка битка, а не инциденти. Изборите се најдобар индикатор за демократијата во едно општество. По толку години од независноста, срамота е да зброуваме за инциденти. Повикувам на фер и демократски избори и секој да си ја понесе одговорноста“, рече Гаши на денешната средба со новинарите.

Покрај декларацијата, на пленарната седница на 12-ти овој месец, ќе се најдат и пратеничките прашања од опозицијата. Од страна на Собранието побарано е од Владата на седниците за пратенички прашања да присуствуваат министрите за да можат да одговорат. Како што вели Гаши, за ова разговарал и со премиерот Мицкоски кој се согласил со барањето посочувајќи дека тој како премиер со неговото присуство на седниците дава пример дека треба да присуствуваат и министрите.

INFO