Ѓорѓиевски вели дека основна задача ќе му биде создавање на систем каде нема да има пожари

„Институциите треба и мора да делуваат, а здравјето на граѓаните да биде заштитено. Она што сите го гледаме, го зборуваме, размислуваме и посочуваме ќе го кажам јавно. Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори. Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова, да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град. Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај. Верувам дека институциите ќе постапат и ќе дејствуваат брзо“, вели Ѓорѓиевски.

Тој вели дека најавува дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе му биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение.

„Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред. На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај“, додава Ѓорѓиевски.

INFO