По информациите дека попладнево избувнал пожар во објект на „Нула Отпад“ во Трубарево, од компанијата реагираа со демант на социјалните мрежи.
„Во врска со актуелната ситуација со пожар во Трубарево, Нула Отпад како колективен постапувач кој го организира системот на собирање на отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, не поседува отпад ниту фабрика за пластика, фабрика за акумулатори или било каков отпад во Трубарево. Согласно информации од медиумите станува збор за пожар во рециклаторен центар кој е еден од нашите соработници,“ велат во објава на социјалните мрежи.
Претходно од Дирекцијата за заштита и спасување изјавија дека е пријавен пожар во фирмата „Нула Отпад“.
Според новите информации, пожарот ги зафатил објектите на „Ф-Групација“ која се занимава со електронски отпад.