,,Стоп за Вардариште” утре наутро ќе го блокира мостот „Близнак“ во Аеродром

Движењето ,,Стоп за Вардариште” најави дека утре во 7,30 часот наутро ќе го блокира мостот „Близнак“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. Иницијативата, кој во изминатите денови организираше протести на истата локација, заради актуелните пожари на Вардариште, но и децениското игнорирање на проблемот со старата депонија, најави дека ќе ги прошири активностите за да привлече внимание кај надлежните институции.

„Ја информираме јавноста дека на ден 15 септември, понеделник, покрај протестот во 18 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 7,30 часот наутро, со блокада на мостот ,,Близнак” помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ. Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, стои во соопштението на ,,Стоп за Вардариште”.

INFO