Меџити: Примероци од воздухот од Трубарево се испитуваат во четири институции

Министерот за животна средина Изет Меџити денеска информираше дека се ангажирани акредитирани лаборатории за испитување на примероци од воздухот во Трубарево, каде вчера се случи катастрофален пожар во магацин за отпадна пластика, батерии и електронски отпад. Меџити информира дека инспектори на Државниот инспекторат за животна средина биле на местото на настанот веднаш по започнувањето на пожарот, а примероци од воздухот се испратени на испитување во лабораторијата „Еуромак контрол“, која ќе врши и 24 часовен мониторинг на локацијата.

Исто така, воздухот се испитува и во Централната лабораторија на Министерството и во Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ. Министерот Меџити информира дека лабораторијата Амбикон на Универзитетот „Гоце Делчев“ направила мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево, а денеска е поставен и станичен инструмент преку кој ќе се следи состојбата. Меџити најави дека во следните денови ќе започнат и испитувања на состојбата на почвата.

„Трубарево се случи веднаш по Вардариште и Дрисла, што е аларм кој бара сериозна институционална мобилизација. Очекуваме да се откријат причинителите и да бидат јавно објавени“, вели Меџити

INFO