Меѓународна конференција во Скопје: Кина и Балканот во мултиполарниот свет

На дводневната конференцијата учество ќе земат 23 еминентни истражувачи од Велика Британија, Кина, Шведска, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција, Бугарија и Македонија. Воведничари се проф. Ричард Саква од Универзитетот во Кент (Велика Британија) и д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот (Шведска). Во фокусот на дебатата се односите на Кина со земјите од регионот од кои некои се членки на ЕУ, а други во фаза на интеграција. Во своите излагања учесниците ќе ги споделат искуствата на нивните земји, во насока на идентификување на клучните двигатели и препреки, како и на заемното дејство на регионалната и глобалната динамика, како и зголемување на интердисциплинарниот дијалог.

На маргините на конференцијата, денеска со почеток од 14:30 часот ќе се одржи и промоција на книгата „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“, чии уредувачи се Билјана Ванковска, Ричард Саква, Џанг Веивеи и Тони Милески. Книгата претставува прв научен труд од ваков вид во нашата земја, кој обработува актуелна тема поврзана со современите меѓународни трендови. Публикацијата е објавена на англиски јазик, и опфаќа вредни трудови на 19 автори од повеќе држави. Книгата е достапна и на интернет.

INFO