Салиу: Во Шуто Оризари жителите немаат канализација, улично осветлување, асфалтирани улици…

„Овие прашања не се луксуз, туку основни услови за живот. Нема оправдување што жителите на оваа општина и денес, по речиси три децении, живеат без инфраструктура што им следува. Мој приоритет како градоначалник ќе биде решавање на овие проблеми со јасен план и одговорно раководење“, изјавил Салиу.

Демократските сили на Ромите, како што се наведува во соопштението, останува посветена на визијата за Шуто Оризари како европска општина, со чесно и транспарентно управување, каде секој жител ќе има пристојни услови за живот.

INFO