Премиерот очекува по Нова година придвижување на разговорите за гаранции за уставните измени како последно барање за ЕУ

Како што посочи на денешната средба со новинарите, по постетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на Софија, каде порача дека е крајно време Македонија да добие некакви гаранции дека нема да има нови барања за продолжување на европскиот пат, имал разговори со него и се согласиле дека уставните измени треба да бидат последното барање на нашиот европски пат и да се добијат некакви гаранции за тоа.

„Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја посилна страна. Очекувам придвижување на почетокот на идната година по завршувањето на божиќните и новогодишните празници во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија“, рече Мицкоски.

 

INFO