На прашањето „која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори“, 42,6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори. 25,3% од испитаниците одговориле дека не знаат, или пак воопшто не се определени. За СДСМ позитивно одговориле 7,9%, па следи Левица со 7,8%, независни листи со 3,8%, ЗНАМ со 3,7%. 5,8% од испитаниците не сакале да кажат, додека пак за ниедна партија се изјасниле 2%. Еден отсто од испитаниците одговориле со друга опција, која не е во горенаведените.
На прашањето за која политичка опција испитаниците сметаат дека најдобро би се справила со проблемите во нивните општини, ВМРО-ДПМНЕ има водство од 40,1%. 22,1% од испитаниците одговориле дека не знаат или немаат одговор, па следи политичката партија Левица со 9 отсто, СДСМ со 8,4%, пет отсто од испитаниците не сакале да кажат, додека пак исто толку одговориле дека ќе гласаат за независната листа.
4,6% од испитаниците одговориле дека ниту една политичка опција не би се справила со проблемите во вашата општина, додека пак за ЗНАМ се изјасниле 4,1%, додека пак 1,7% одговориле дека ќе изберат друга политичка опција.
Во телефонската анкета за Град Скопје спроведена во септември учествувале 1.017 испитаници со маргина на грешка +/- 3 %.
На прашањето за кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласаат на локалните избори, 29 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 29,6% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени. За Каја Шукова од СДСМ се определиле 8,1% од испитаниците, за Амар Мециновиќ од Левица се изјасниле 7,3%, 6,2% за Башким Бакиу 5,9%, за Горан Марковски 5,9%, додека пак за друг кандидат кој не е меѓу горенаведените се изјасниле 8.1%.
Орце Ѓорѓиевски има поголем рејтинг од првите четворица кандидати за градоначалник на Град Скопје заедно, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.
На прашањето во каква насока се движи градот Скопје, над 50,3% сметаат дека во моментов Скопје се движи во целосно погрешна насока.
24,2% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, а 7,7% за СДСМ, додека пак за Левица кажале дека ќе гласаат 5,8% испитаници. За граѓанската платформа Независни заедно се изјасниле 2,2% испитаници.