Основното јавно обвинителство Скопје утре ќе започне со увид на лице место за да ги истражи причините за настанувањето на пожарот во Трубарево. Истовремено, од Основниот кривичен суд е побарано да се продолжи притворот за нови 48 часа за сите четворица кои се опфатени со постапка до овој момент.
Од Обвинителството информираат дека екипи на СВР Скопје и денеска собирале докази на терен кои се потребни во постапката за загрозување на животна средина со отпад, а се преземаат и повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.