Муцунски-Стоу: Одличните билатерални и пријателски односи се засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода

Како што соопшти МНРиНТ, на средбата се разговарало за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување.

„Соговорниците заеднички ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Министерот Муцунски упати благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на капацитетите и спроведувањето на неопходните реформи“, стои во соопштението на Министерството.

На средбата станало збор и за силното сојузништво во НАТО, активната соработка во мултилатералните организации и заедничкиот придонес кон регионалната и глобалната стабилност и безбедност, додаваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

INFO