Нови 23 средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта во регионот преку регионалната програма за размена за размена на
средни училишта од Западен Балкан што ја имплементира RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка. Програмата промовира интеркултрно учење, дијалог и партнерства помеѓу средношколците од регионот, а младите ќе учат за мир, почит, пријателство и соработка, неопходни за светот да оди напред.
„Ова се всушност вредностите на кои треба да ги учиме младите како во рамки на семејните заедници, така и во рамки на образовните установи. Идејата на RYCO ги поддржува напорите за градење на генерации кои ќе сакаат да бидат обединети и со идентична цел – да го трансформираат регионот во подобро, посреќно и просперитетно место за живеење„, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. Таа истакна дека овие генерации еден ден
ќе бидат авангарда на промените што сите сакаме да ги видиме на обединет и
просперитетен Западен Балкан, регион кој ќе биде ослободен од предрасуди и место полно со толеранција, разбирање и слога.