Во Трубарево прегледани 111 лица, а 11 пратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија

На двата пункта на Министерството за здравство и Клиниката за пулмологија во Трубарево во текот на вчерашниот ден се прегледани 111 лица. Од Министерството информираат дека граѓаните се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се  упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија.

По големиот пожар што зафати склад на отпадна пластика и електронски отпад, за жителите на Трубарево и околината е организиран скрининг кој опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет.

Двата пункта ќе продолжат со прегледи и денеска.

INFO