Донација од „Ноу лимит“ за децата во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Капиштец

Облечени како дедмразовци, членови на мото клубот „Ноу лимит“ денеска донираа телевизор, постелнини и статичен велосипед наменети за учениците во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски” кое се наоѓа во Капиштец.

„Вакви хуманитарни акции организираме петта година по ред. Целта ни е барем малку да им го разубавиме секојдневието на децата што учат овде во пресрет на новогодишните празници. Се надевам дека со ова ќе мотивираме и други наши граѓани да помагаат и да бидат хумани“, изјави Дарко Гиговски, претседател на клубот.

Мото клубот „Ноу лимит“ постои седум години. Во претходни хуманитарни акции, членовите делеа храна, средства за хигиена, пакетчиња и дрва за огрев на семејства од социјален ризик.

INFO