Новогодишна забава на плоштадот „Македонија“, Скопје во 2026 година ќе влезе со песните на Каролина

Плоштадот „Македонија“ ќе биде локацијата каде што вечерва скопјани ќе можат да се соберат на новогодишна забава на која со песните на домашни изведувачи ќе ја испратат старата 2025 година. Програмата, како што велат градските власти, е креирана за сите генерации, а ќе започне во 19,45 часот со песните на Миле Кузмановски, ќе продолжи со Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска.
Ќе настапат и Пајак, Лара и Два Бона, а во Новата година, Скопје ќе влезе со песните на Каролина Гочева.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека годишната прослава на плоштадот ќе помине без огномет, по апелите на граѓански организации да се заштитат граѓаните, а особено децата од непотребна бучава и стрес, но и загадување, што го предизвикува пиротехниката. Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да дојдат на централниот плоштад и да се придружат на забавата и апелираше до скопските градоначалници да не организираат забави за да нема двоење на граѓаните.

INFO