Точно на полноќ се роди првото бебе во 2026 година, соопштија од Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) на нивниот профил на Фејсбук.
Како што е најавено, министерот за здравство, Азир Алиу денеска во 11 часот ќе го посети првороденото бебе на Клиника за гинекологија и акушерство, а потоа ќе го посети првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.