Горан Пандев – првиот Македонец со пехарот за Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Интер утре го пречекува Баерн Минхен во реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Италијанскиот тим на првата средба победи со 2-1, па пред своите навивачи ќе се обиде да завери пласман во полуфиналето.

Во Милано е Горан Пандев. Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, а сегашен директор на сите репрезентации ќе биде присутен на пресметката меѓу двата тима. Во градот на модата пристина и пехарот за првото Светско клупско натпреварување кое во јуни ќе се игра во САД, и е прво кое го организира ФИФА.

Интер го претстави на интересен начин.

„Легендата на Интер е тука…исто и трофејот“, стои на социјалните мрежи на Интер.

INFO