„Во делот на НАТО-сертификатот она што цело време го потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат. Ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата“, појасни Ковачки.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО-сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО-парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.
„Поседувам и највисок НАТО-сертификат, значи учествувам и на затворени седници на НАТО-парламентарното собрание. каде што ја предводам македонската делегација. Така што, сите овие лаги ѝ прават штета не само на партијата, туку ѝ прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади, затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија, мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио“, беше дециден Ковачки.