Машко лице ѝ се претставило како лекар на 76 годишна жена од Битола, на која ѝ кажал дека внука ѝ направила сообраќајка и дека таа мора да даде 7.000 евра за да ѝ го спаси животот, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера во 11:25 часот во СВР Битола, 76 годишна жена пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое ѝ се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што ѝ кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението на МВР.