Уапсен измамник во Струмица, со приказната за лажните сообраќајки измамил две возрасни жени

Во Струмица е уапден измамник кој со приказната за лажните сообраќајки и деке некому му е потребна итна медицинска помош измамил две жени. Според информациите од Министерстовто за внатрешни работи, лишен од слобода е О.В.(38) од Струмица, кој се сомничи дека на 6 и 7 февруари минатата година во два наврати учествувал во измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица.
„Откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите“; информираат од МВР.
Кога бил уапсен, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
INFO