Една нова студија објавена во списанието „Mental Health Research“ покажала дека дневните пробиотски додатоци се поврзани со значително намалена анксиозност, стрес и замор кај здрави возрасни лица.
Учесниците во студијата секојдневно го пријавувале своето расположение и забележале подобрување на расположението по две недели од земањето на пробиотикот.
Пробиотиците се добри бактерии во цревата, кои се наоѓаат во ферментирана храна како јогуртот. Со цел вашите црева да бидат здрави, овие бактерии мора да се хранат и одржуваат – што може да биде помогнато со храна и додатоци богати со пробиотици.
За студијата, учесниците биле поделени во две групи, при што едната група земала пробиотик кој содржи девет бактериски соеви во текот на 28 дена, а другата примала плацебо. Испитаниците потоа пополнувале психолошки прашалници, дневен извештај за расположението и компјутерски задачи тестирајќи како ги обработуваат своите емоции.
Откако ја достигнале границата од две недели, истражувачите забележале дека негативното расположение на пробиотската група значително се намалило, додека немало ефект врз позитивното расположение.
„Неверојатно е што со едноставно прашување на учесниците како се чувствуваат секој ден, успеавме да ги откриеме корисните ефекти на пробиотиците врз расположението“, рекла, коавторката на студијата, Лаура Стинберген.
Постојат се повеќе докази дека здравјето на цревата влијае на вашето ментално здравје.
„Поврзувањето црева-мозок обезбедува различни патишта преку кои цревните бактерии можат да влијаат на тоа како се чувствуваме и се однесуваме, вклучително и преку вагусниот нерв, имунолошкиот систем и хормоните“, рекла коавторката на студијата Катерина Џонсон. Ова значи дека нашите црева директно комуницираат со нашиот мозок, влијаејќи на нашето ментално здравје.
Воспалението во цревата, исто така, може да доведе до нарушувања на расположението, покажуваат студиите, вклучително и проблеми со менталното здравје поврзани со анксиозност.
Во оваа нова студија, истражувачите откриле дека групата со пробиотици не само што имала севкупно намалување на негативните емоции, туку и пониски чувства на анксиозност, стрес, загриженост и размислување.
„Можеби во иднина, пробиотиците би можеле да бидат насочени како рана интервенција за да се намалат шансите негативните чувства да напредуваат во состојба на ментално здравје како што е депресијата, иако ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се потврди ова“, вели Стинберген.
Истражувачите, исто така, забележале дека оние кои имале најголем ефект од пробиотиците врз нивното расположение се оние кои се опишале себеси како избегнувачи на ризик.
Фото: Архива