Во првата недела од почетокот на системот „Безбеден град“, регистрирани се речиси 5.000 прекршоци. Од нив, за брзо возење биле 4.674, потоа за минување на црвено светло 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, изречени се вкупно 288 мерки за забрана за управување со возило, од кои 163 се за минување на црвено светло, а 125 се за брзо возење. Од регистрираните прекршители, 641 кои добиле мерка за сторен прекршок се возила со странски регистарски ознаки.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење над 50 километри на час, толерирани се 22.434 возила.
Од Министерството апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за посигурни и побезбедни патишта.
Системот „Безбеден град“ почна да финкционира на 2 февруари, на подрачјата на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите каде се поставени камери.