Ковачки: Продолжуваме со реализација на одлуките од Самитот во Хаг

Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел каде изразуваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата. Она што е важно да се спомене е дека Македонија останува да биде лојален и доверлив партнер на НАТО, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Ќе продолжиме да ги реализираме одлуките од Самитот во ХАГ, а се со цел зголемување на одбраната и одвраќањето, секако од аспект и на колективната безбедност, но и од аспект на кооперативната безбедност.

Понатаму, менаџирањето со кризите и секако борбата со тероризмот.

Продолжуваме со посетата и давањето на поддршка на одлуките на Алијансата, вели Ковачки.

INFO