Реконструкција на водоводната мрежа на ул. Даме Груев во Битола

Жителите на населбата Мал Париз во Битола во наредниот период ќе се соочат со градежни активности поради обновување на водоводната инфраструктура. Од 19 февруари 2026 година, Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на улица „Даме Груев“, крак 1 и крак 2.

Проектот опфаќа целосна замена на постојната, дотраена мрежа со нова инсталација изработена од полиетиленски цевки, кои обезбедуваат поголема издржливост и сигурност. Во рамки на зафатот ќе бидат изведени и нови водоводни приклучоци за домаќинствата.

Од претпријатието информираат дека поради градежните активности се можни повремени прекини во водоснабдувањето, за што граѓаните ќе бидат навремено известувани.

INFO