316 трансакции во периодот 16.02–20.02.2026, со доминација на официјалниот пазар и блок со КБ

Изготвен од Илирида Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. 

 

Во периодот 16.02.2026 – 20.02.2026, на Македонска берза беа реализирани 316 трансакции со вкупен промет од 64.079.029 денари и вкупна количина од 32.102 хартии од вредност. Најголемиот дел од активноста се одвиваше на официјалниот пазар со 61.560.821 денари, додека редовниот пазар оствари 2.518.208 денари. Ликвидноста беше најконцентрирана кај Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка, а неделата беше поддржана и со блок-трансакција со Комерцијална банка. 

Топ добитници 

● Македонски Телеком АД Скопје: +2,04%

● ТИТАН УСЈЕ АД Скопје: +0,24% 

INFO