Речиси целосно воведена дигитална трговија во Шведска

Во Шведска, плаќањето во готовината полека станува реткост, толку ретко што туристите се предупредуваат: без картичка, речиси нема да можете да купите ништо. Од малите локални продавници до јавниот превоз и паркинг-машини, сè повеќе места функционираат исклучиво на дигитални плаќања. „Без готовина“ не е само натпис на врата, туку начин на живот.

Интересно е што токму оваа земја, која уште во 17 век беше пионер во воведувањето хартиени пари, денес води во нивното исчезнување. Префрлувањето на дигитални плаќања не се случи преку ноќ – тоа беше постепен, но упорен процес. Во раните 2000-ти, картичките веќе станаа основно средство за плаќање, а потоа мобилните апликации како Swish го заокружија трансферот, овозможувајќи лесно плаќање на сметки, трансфери меѓу пријатели и купување во секојдневниот живот.

Кафулињата, музеите, продавниците, па дури и црквите, сега прикажуваат јасен сигнал: готовината е непотребна. Некои продавници дури ги отстраниле и фиоките за пари. За посетителите, тоа значи дека секогаш мора да прашаат дали можат да платат кеш.

Сепак, оваа технолошка еволуција не е без предизвици. Критичарите и постарите генерации се загрижени – што ако се случи прекин на струјата, паѓање на интернетот или сајбер напад? Без готовина како резервна опција, секој застој во дигиталниот систем може да стане критичен.

И покрај овие ризици, Шведска продолжува напред, пред сè поради длабоката доверба на своите граѓани во институциите. Дигиталните плаќања не се перципираат како присилен чекор, туку како природна, логична надградба.

INFO MAK