Травали: Чувството е посебно против поранешниот клуб, сега одиме на победа

Со натпреварот меѓу Башкими и Брера, денеска во Куманово официјално се отвора 20-тото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). По првиот пораз во пролетниот дел од сезоната на гостувањето кај Вардар, кумановци се враќаат на домашен терен со јасна цел – втора победа пред својата публика.

Тренерот на Башкими, Баже Јанакиевски, може да биде задоволен од дефанзивната линија која на последните три натпревари прими само еден гол. Сепак, тимот се соочува со сериозен проблем во пресрет на денешниот дуел.

Клучниот дефанзивец Реџеп Мурати е суспендиран на четири натпревари со одлука на Дисциплинската комисија, што претставува голем удар за задната линија на кумановскиот состав.

Овој натпревар ќе биде посебно емотивен за Фодај Травали, кој во зимскиот преоден рок пристигна во Куманово токму од редовите на Брера.

INFO