Блокиран дел од автопатот А3 кај битолската обиколница, ЈП „Македонија Пат“ работи на расчистување

Автопатот А3 на релацијата Охрид–Прилеп останува блокиран кај битолската обиколница поради одронување на карпа. Екипите на ЈП „Македонија Пат“ се на терен и со тешка механизација активно работат на расчистување на коловозот.

Од патната служба информираат дека се извлекува дел од искршената карпа и наталоженото земјиште меѓу патот и бетонскиот потпорен ѕид. Очекувањата се дека работите ќе завршат во наредните 2 до 3 часа, по што сообраќајот на обиколницата повторно ќе биде во функција од околу 15 часот.

Возачите се повикуваат на внимателност и да ја следат временската динамика на работите за да избегнат дополнителни застои.

INFO