Временска прогноза: Сончево време со утринска магла и температури до 16 степени

Денес, 1 март 2026 година, во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека преку ден ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од околу -4 до 2 степени, а дневните ќе достигнат од 12 до 16 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината можно е појава на утринска магла, додека дневната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

INFO