Две сценарија го водат Вардар 1961 во 1/4 финалето во Европската лига

Екипата на Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) му гостува на Мелсунген во последниот натпревар од главната рунда во Европската лига. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци овој дуел го пречекуваат како лидери во својата група 3, и ќе имаат шанса да обезбедат директно место во четвртфиналето во ова натпреварување.

Вардар 1961 го водат две сценарија до 1/4 финалето, победа или реми ќе значат дека македонскиот тим ќе ја прекокнат нокаут фазата.

Првата средба во Скопје заврши со победа на македонскиот тим од 37-33, но тогаш бундес-лигашот дојде до вториот тим, па сега Роберто Гарсија Парондо сигурно после поразот од Кристијанштад ќе сака да дојде до триумф и до првото место. И двата тима имаат по шест бода, додека за третата позиција во нивната група ќе одлучат Бенфика и Кристијанштад.

Група III
Вардар 1961 ќе се квалификува во четвртфиналето ако победи или одигра нерешено против Мелсунген.

INFO